Медиуми: „Роскомнадзор“ ќе добие право ненадејно да ја проверува е-поштата и социјалните мрежи

При проверката на интернет-компаниите „Роскомнадзор“ ќе може да ги добие списоците на регистрираните коисници на сервисите, како и информации за добиена, испратена, текстуална и мултимедиска информација, пишува „Известија“.

Федералната служба за надзор во сферата на информатичките технологии и масовни комуникации (Роскомнадзор) ќе може да врши ненајавени проверки на интернет-компаниите, регистрирани како организатори на дистрибуција на информации, соопштува весникот „Известија“

Институцијата ќе може да ги проверува информациите на поштенските сервиси, социјалните мрежи, месинџерите. За новите права на „Роскомнадзор“ се зборува во проектот на административниот опис на вршење на „Роскомнадзор“ на функцијата за контрола на дејноиста на организаторите на ширење наинформациите на интернет,  пишува изданието.

„Роскомнадзор“ треба да ја најави проверката во рок од 24 часа, сепак во некои случаи надзорниот орган ќе ја врши без предупредување. Најавениот рок на проверка не е поголем од 30 дена, сепак во случај на потреба може да биде продолжен уште за 20 дена, се вели во статијата.

Во специјалниот регистар на организатори на ширење на информации влегуваат компании како  „ВКонтакте“, сервисите „Јандекс“, Mail.Ru Group. Американскитем интернет-сервиси Facebook, Gmail и Twitter беа информирани од „Роскомнадзор“ за потребата да се регистрираат во Русија како организатори на ширење информации. Но овие компании не се регистрираа“, пишува изданието повикувајќи се на заменик-директорот на „Роскомнадзор“ Максим Ксензов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.