„Гаспром“ првпат ја објави цената на „Турски тек“

Вредноста на гасоводот со четири краци ќе изнесува 11,4 милијарди евра без ДДВ, притоа вредноста на првиот крак е 4,3 милијарди евра, изјави на 10 август првиот заменик-началник на одделот за раководење со проекти на „Гаспром“ Алексеј Серебрјаков, пренесува РИА „Новости“.

Вредноста на гасоводот со четири краци ќе изнесува 11,4 милијарди евра без ДДВ, притоа вредноста на првиот крак е 4,3 милијарди евра, изјави на 10 август првиот заменик-началник на одделот за раководење со проекти на „Гаспром“ Алексеј Серебрјаков, пренесува РИА „Новости“. Монополот првпат официјално ги објави трошоците за „Турски тек откако во декември 2014 година го замени со него затворениот проек „Јужен тек. Впрочем, „Турски тек“ се покажа еден и пол пат поевтин од својот претходник. Истовремено трошоците за капацитетот од 63 милијарди кубни метри за „Јужен тек“ се проценуваа на 23,5 милијарди евра.

Според мислењето на аналитичарите, цената на „Турски тек“ е адекватна и компанијата би можела да најде пари за проектот. Но сите овие бројки се засега виртуални: роковите за изградба се нејасни, финалниот број на краци на гасоводот како и претходно не се знае, а договори со подизведувачите не се склучени.

„Многу нешта зависат од тоа како реално ќе оди изградбата: ако се одолжи, вредноста на проектот ќе порасне“, истакнува Марија Белова од „Вигон Консалтинг“. Таа претпоставува дека вредноста на цевките (околу 1 милијарда евра), купени пред една година за првиот крак (тогаш уште „Јужен тек“), најверојатно, не е вклучена во тековната проценка. Валериј Нестеров од Sberbank Investment Research смета дека вредноста на првиот крак ги вклучува загубите на „Гаспром“ со раскинатиот договор со „Саипем“ (подизведувач за „Јужен тек“). „Компанијата ќе може да го започне тој проект дури и без проектно финансирање, особено земајќи ги предвид фазите на градењето“, вели тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња