Експерт: Руското оружје е посигурно, поедноставно и поевтино од американското

Руското вооружување има две клучни предности над американските: неговото производство е поедноставно (а со самото тоа и поевтино), и може да се користи без поседување на посебни знаења, изјави за „Дифенс Њуз“ (Defence News) директорот на Центарот за анализа на стратегии и технологии Руслан Пухов.

Руските воени технологии се поедноставни за користење и приспособени на корисникот. Тоа е важно затоа што во повеќето светски армии се ангажираат луѓе без високо образование и многумина од нив не би знаеле да управуваат со американските системи за кои е потребно да се има посебни знаења, изјави за „Дифенс Њуз“ (Defence News) директорот на Центарот за анализа на стратегии и технологии  Руслан Пухов, a пренесува интернет-магазинот „Политическаја Русија“.  

„За некои западни модели се шегуваме: тие се прекрасни, но за да ги користите треба да завршите на Харвард. Американскиот ловец може да се спореди со швајцарски часовник, а рускиот со тенк. Со што би сакале да војувате: со часовник или со тенк?“, прашува Пухов.

Според неговото мислење, за руските вооружени сили и понатаму важат зборовите на Бизмарк: „Русија никогаш не е толку силна ни толку слаба колку што изгледа“.

Разликата меѓу рускиот и западниот пристап во производството на оружје може да се сфати ако се споредат автоматските пушки Калашников и М16. Првата е едноставна и сигурна, а другата е високотехнолошка и каприциозна.

„Шаржерот на Калашников можеби не лежи толку природно како кај М-16А2 или HK G33, но затоа секогаш можете да го ставите. Дури и кога војник со оружје во рацете ползи 500 метри низ кал, а потоа легне во канал на оризово поле, преполн, како што е вообичаено за тие полиња, со вода“, смета ветеранот на американската војска Ден Шени. „Тоа е реален пример и ако некогаш барем еднаш би морале да ја вадите калта од лежиштето на М16, за да го пикнете таму проклетиот шаржер, тогаш би сфатиле дека, се разбира, тоа може и поинаку... За ставањето на шаржерот на Калашников не се потребни никаков напор ниту вештина.”

Конструкцијата на М16 е многу чувствителна на песок и кал, затоа во борбени услови е препорачано да се чисти пушката три до пет пати дневно, а расклопувањето да се врши во затворен простор: не само поради опасноста внатре да влезат туѓи тела, туку и поради големиот број ситни делови.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.