Полски министер: Во словенската традиција уништувањето храна е грев

Министeрот за земјоделство на Полска Марек Савицки го повика претседателот на Русија Владимир Путин да престане да ги уништува прехранбените производи кои се под ембарго, затоа што „во словенската традиција уништувањето леб се смета за голем грев“.

Министeрот за земјоделство на Полска Марек Савицки го повика претседателот на Русија Владимир Путин да престане да ги уништува прехранбените производи кои се под ембарго, затоа што „во словенската традиција уништувањето леб се смета за голем грев“.

„Сакам да апелирам до претседателот Путин да не оди по патот на своите претходници од Советскиот Сојуз (мислам на 1930-те) и да не ги уништува производите кои руските трговци со мака ги купуваат на различни пазари во Европа и светот“, изјави Савицки, а пренесува „Радио Полска”.

„На Русите сега им се потребни овие производи, а во нашата словенска традиција уништувањето храна, уништувањето леб се смета за голем грев. Господинот Путин не треба да го прави тоа. Тоа потсетува на „холодомор“ (гладот кој во 1933 година е предизвикан од одредени потези на Сталиновото раководство) во Украина и други региони на СССР во 1930-те години“, изјави Савицки.

Полскиот министер за земјоделство истакна дека во Европа има многу прехранбени производи со висок квалитет. „Господине претседател Путин, немојте да ги уништувате  производите. Дозволете им на своите сонародници да ги купуваат и да ја користат онаа квалитета понуда што има ја нудат Полска и Европа, кои се отворени за соработка со руското општество“, истакна Савицки.

На 29 јули претседателот на Русија Владимир Путин потпиша указ за уништување на производи кои се увезени во Русија, иако нивниот увоз е забранет во рамките на контрасанкциите.  . 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.