Припадниците на руското МВР ја запреа работата на јавната куќа која беше сместена во станбена зграда на пет ката во центарот на Санкт Петербург, пишува „Взгљадˮ.
„Припадниците на 2 одделение на Центарот за организација и примена на административното законодавство при Главната управа на МВР Русија за Санкт Петербург и Ленинградската област извршија проверка по добивањето информација дека во една од зградите на улица „Версајскаја“ се наоѓа бордел за давање сексуални услуги за паричен надомест“, објави регионалната полиција на својот сајт.
Во текот на проверката припадниците на МВР утврдија дека јавната куќа зафаќала пет ката во една станбена зграда, во рамките на која постоеле стриптиз-клуб, сауна, џакузи и подиум со шипка. Полицијата во борделот затекнала неколку девојки кои давале сексуални услуги и жена која ги контролирала клиентите, ги наплаќала услугите и им делела пари на проститутките.
„Во текот на испрашувањето овие лица изјавија дека живеат и работат во стриптиз-клубот како танчарки. Локалот ги рекламирал своите услуги преку летоци, визит-картички, лепење огласи по градот, како и на интернет“, се наведува во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче