Минската спогодба се наоѓа во фаза на стагнација. Релативна конструктивност и поместувања има само во прашањата кои се однесуваат на првите точки од Минската спогодба – за примирјето и повлекувањето на тешкото вооружување. Сепак страните сѐ уште не се дојдени до конструктивна дискусија за нејзините основни одредби – прашањата за политичко регулирање и идниот облик на просторот на сегашна Украина. Петро Порошенко фактички го натераа да ја потпише таа спогодба, затоа веднаш по враќањето од Минска Украина зазеде курс за нивно минирање. И во суштина успеа, пишува „Експерт онлајн“.
На Москва не ѝ одговара таквиот пристап. Присуството на држава меѓу Русија и ЕУ чија цел на постоење е конфликт со источниот сосед може да стане сериозен проблем. Затоа Москва сака да се знае дека, доколку украинските власти не се вразумат, Русија може да ја смени својата позиција во однос на иднината на Украина и да пристапи кон реализација на планот „Б“ – создавање на „Големо Приднестровје“ барем во границите на сегашните ЛНР и ДНР, како и прекин на економската поддршка за киевскиот режим (без која на Украина ѝ се заканува банкрот и социјални бунтови на луѓето кои мрзнат зиме, а на кои ќе им биде тешки да им се објасни дека за нивната несреќа е виновен Владимир Путин).
Москва не сака да се префрли на втората опција поради две причини. Прво, таа сѐ уште се надева дека Минската спогодба може да се реализира. Кремљ сѐ уште се надева дека врз украинскиот претседател ќе влијаат Амеиканците и Европејците кои не се заинтересирани за ескалација на конфликтот, за разлика од Порошенко.
Втората причина се ризиците поврзани со промената на курсот. Русија не е заинтересирана ниту за ескалација на ситуацијата, ниту за заострување на односите со Брисел. За да не се влошат уште повеќе односите меѓу ЕУ и Русија, потребни се долги преговори, меѓутоа најпрвин е потребно воспоставување заемна доверба во однос на Украина кое ќе вклучува де факто признавање на Крим, како и согласност со основните точки на Минската спогодба која подразбира легитимност на сегашните украински власти и територијалниот интегритет на посткримска Украина. Откажувањето од Минската спогодба ќе биде примено како откажување на Москва во иднина да го гарантира тој интегритет и ќе предизвика крајно жестока реакција на Европа.
Токму затоа Русија одбра стратегија на чекање. Москва прекрасно гледа дека Петро Порошенко ја урива Минската спогодба. Процесот на поништување веќе ја помина точката по која нема враќање – амандманите во украинскиот устав, за кои се зборуваше во Минск, се донесуваат без да се земе предвид позицијата на доброволците, за што беше договорено во Минск. А тоа значи дека не може да стане за никакво враќање на границите под контрола на Киев – станува збор повеќе за исцрпување на распоредот на Минската спогодба и неопходност за создавање на некаков нов рамковен формат, или врз база на премолчан консензус на главните страни во Минскиот процес да се тргне во правец на „приднестровизација“ на Донбас, што автоматски ќе значи откажување на Русија од апсолутно признавање на територијалниот интегритет на посткримска Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче