Амбасадорката на САД во ОН Саманта Пауер беше принудена да одговара на прашањата на американскиот конгресмен Дејна Рорабакер, кој повикува на објективно разгледување на конфликтот во Украина, пренесува „Взгљад”.
Рорабакер посебно истакна дека, според неговите сознанија, артилериските напади врз населбите во Донбас не ги вршат доброволците, туку безбедносните сили на Украина, како и дека често станува збор за платеници.
„Бев во Европа и разговарав со одделни луѓе кои се поврзани со разузнавачките служби на различни држави. Тие ми раскажаа дека една третина од украинските воени единици се состои од луѓе кои не се војници, туку дека ги плаќаат олигарси“, рече Рорабакер.
Саманта Пауер изјави на тоа дека „нема намера да ги слуша верзиите на рускиот претседател Путин”.
„Ако сте Вие претставник на САД при ОН, би требало да обрнувате внимание на изјавите на сите страни и да ги проценувате, а не да ги отфрлате. Да не се случеше насилно рушење на избраната власт во Украина, лично верувам дека немаше да се најдеме во ваква ситуација“, истакна Рорабакер.
Пауер, исто така, изјави дека не смета дека мнозинството цивили во Донбас настрадало од рацете на украинските вооружени сили. Таа додаде дека реалниот број на жртви е многу поголем во однос на официјалната статистика на ОН, но дека конечната бројка не е позната, затоашто, наводно, доброволците „ не ги пуштаат експертите на своја територија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче