Украина планира да почне експлоатација на гас на своја територија, а за три до четири години да прекине со купување гас од Русија и Европа. Тоа во саботата, 13 јуни, во емисија на украинската телевизија „5 канал“ го соопшти министерот за енергетика на Украина Владимир Демчишин, пренесува РИА „Новости”.
„Дупчењето е релативно едноставно, затоа што реоните имаат свои цевководи... Уверен сум дека странските инвеститори се подготвени да вложуваат... Ние можеме да ја уредиме ситуацијата со гасот, зголемувајќи го сопственото производство и намалувајќи ја во значителна мера потрошувачката“, изјави Демчишин. Според неговите зборови, за реализација на овој план ќе бидат потребни три-четири години.
Што се однесува до рускиот ас, министерот за енергетика истакна дека Киев очекува договор за цената да биде постигнат во текот на наредните две недели. „Се надевам дека цената ќе биде пониска отколку денес што е. „Нафтогас“ му плаќа на „Гаспром“ 247 долари. Убеден сум дека цената во третиот квартал ќе биде пониска и тоа е прашање на преговори“, изјави тој, истакнувајќи дека Киев се залага „попустот да продолжи да важи до крајот на грејната сезона“.
Демчишин притоа смета дека цената што „Гаспром“ ја плаќа за транзит на гасот преку територијата на Украина до Европа е премногу ниска. „Транзитот се плаќа 2,8 долари, а денес таксата би требало да биде некаде околу 5 долара за да се компензираат трошоците за транспорт“, изјави Демчишин.
Заменик-претседателот на управата на „Гаспром” Александар Медведев на 9 јуни соопшти дека цената на рускиот гас за Украина во третиот квартал оваа година ќе изнесува 287 долари за илјада кубни метри, додека во четвртиот квартал ќе падне на 262,5 долари. Според договорот меѓу двете земји, кога цената на гасот е под 330 долари, попустот не е 100 долари, туку 30%. Поаѓајќи од тоа, во третиот квартал Украина ќе плаќа за гас околу 200 долари за илјада кубни метри, а во четвртиот 184 долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче