Министерот за надворешни работи на Чешка: ЕУ ќе ги задржи важечките антируски санкции до крајот на годината

Шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек потенцираше дека не очекува засилување на санкциите, пренесува ТАСС.

ЕУ ќе ги задржи важечките антируски санкции најмалку до крајот на тековната година.

„Тие, најверојатно, нема да бидат укинати“, изјави за Чешката телевизија министерот за надворешни работи на републиката Лубомир Заоралек.

„Го сметам за најверојатно дека рокот на важењето на санкциите ќе биде продолжен до крајот на годината“, изјави тој. „Дојдов до таков заклучок поаѓајќи од разговорите (со политичари од ЕУ)“.

Прашањето за укинување или ублажување на санкциите, според неговото мислење, не е актуелно. На истокот на Украина останува напрегната ситуацијата од чие решавање зависи повторното разгледување на позицијата на ЕУ во врска со развојот на соработката со РФ.

Заоралек исто така потенцираше дека засега не очекува „засилување на санкциите против Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња