Обидите на САД да ја прошират својата надлежност врз целиот свет како во ситуацијата со ФИФА „мириса на империјализам”, изјави шефот на администрацијата на претседателот на Русија Сергеј Иванов.
„Нѐ загрижуваат обидите на САД да ја прошират својата надлежност врз целиот свет. Извинете, но тоа мириса на империјализам. Со овој случај би требало да се занимава швајцарското правосудство“, смета Иванов, пренесува ТАСС.
Како што рече тој, проверката на подготвеноста на Русија за Светското првенство 2018 година е речиси завршена, додавајќи дека „никој нема да ѝ го одземе шампионатот на Русија“.
„Некому не му се допадна изборот Москва да биде домаќин на Светското првенство, меѓутоа, јас не се сомневам дека натпреварувањата ќе бидат одржани во Русија“, рече Иванов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче