Русија е подготвена да ги развива билатералните односи со земјите од Г-7, доколку тие го сакаат тоа. Ова го изјави претседателот на РФ Владимир Путин по разговорите со премиерот на Италија Матео Ренци, истакнувајќи дека со Г-7 Русија сега нема никаков однос. „Доколку сакаат партнерите, ние на билатерална основа со секоја од земјите од Г-7 ќе ги развиваме односите“, изјави тој.
Одговарајќи на прашањето за односите на РФ со Г-7 во целина, Путин рече: „Ние немаме никакви односи со „седумката“. „Какви можат да бидат односите?“ – зададе тој реторичко прашање.
„Кога работевме во тој формат, ние учествуваме во дискусиите, во подготовките на документите кои не се обврзувачки“, потсети претседателот. „Во тоа имаше смисла“, смета тој.
„Ние таму ја претставувавме алтернативната точка на гледање“, прецизираше Путин. „Нашите партнери решија дека не им е потребна таа алтернативна гледна точка“, истакна тој, изразувајќи увереност дека „сите контакти, сите дискусии треба да бидат корисни“.
Претседателот на РФ им посака успех на Г-7 во понатамошната работа, во која Русија повеќе нема да учествува. Истовремено шефот на руската држава истакна дека Г-7 самата не претставува формална организација, ами „клуб на интереси“.
Зборувајќи за Русија, Путин потенцираше дека таа продолжува со работата во други формати. „Има пошироки формати, на пример, Г-20“, истакна тој. Освен тоа, Москва активно работи во рамките на БРИКС, ШОС, во ООН и Советот за безбедност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче