Кандидат за претседател на САД ги критикува санкциите против Русија

Кандидатот за претседател на САД Линколн Чејфи во емисија на „Си-Ен-Ен“ изнесе критика за санкциите спрема Москва и апелираше дека треба да се бараат нови патишта за зближување со Русија.

Поранешниот гувернер на американската држава Роуд Ајленд, кандидат за претседател на САД Линколн Чејфи во емисија на „Си-Ен-Ен“ изнесе критика за санкциите спрема Москва и апелираше дека треба да се бараат нови патишта за зближување со Русија.

САД треба да пронајдат начин со Русија да воспостават пријателски односи место да ѝ воведуваат санкции, изјави Чејфи, истакнувајќи дека тоа е многу важно за целиот свет, а најмногу за поранешните советски републики, вклучувајќи ја и Украина.

Поранешниот гувернер исто така апелираше до САД да „престанат да прават грешки“ каква што, според него, направи Хилари Клинтон. Чејфи потсети на случајот од 2009 година, кога Клинтон како државен секретар од средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров како подарок донесе копче на кое место рускиот збор „перезагрузка” (ресетирање) стоеше „перегрузка” (преоптоварување). Копчето требаше да симболизира почеток на нова етапа во руско-американските односи.

Чејфи смета дека токму ваквите „мали симболични грешки“ ги предизвикуваат проблемите во односите, пренесува РИА „Новости”.

Линколн Чејфи минатата недела ја објави својата кандидатура како четврти кандидат за претседател на САД од Демократската партија. Во претседателската трка се вклучија и девет кандидати од Републиканската партија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња