Политиколог: ЕУ сфаќа дека ќе загуби во економската борба против Русија

Економската и информативна борба против Русија по принципот „око за око“ нема да биде успешна за ЕУ, смета директорот на истражувачкиот институт „Институт за демократија“ Патрик Башaм.

Европската унија, без оглед на санкциите против Русија, смета дека односите со Москва нема да се влошат уште повеќе и се обидува да ја омекне реториката во односите со Москва, изјавија за „Спутник“ странски експерти.  

За желбата да се избегне заострување на разногласието со Русија сведочи изјавата на амбасадорот на ЕУ во САД  Дејвид О'Саливан дека ЕУ нема да бара од земјите во „Источното партнерство“ поддршка за антируските мерки, се вели во статијата.

ЕУ се обидува да избегне понатамошно влошување на односите со Руската Федерација. Поради блискоста со Русија санкциите против РФ од практична  гледна точка ќе бидат далеку посложени за нив, отколку за ЕУ“, го цитира „Спутник“ мислењето на професорот на Универзитетот „Охајо“ Џон Квигли.

Истовремено европските политичари, особено оние од Франција, повикуваат на ревизија на режимот со санкции.

„Доколку бидат вмешани источноевропските партнери, ќе биде премногу комплицирано (да се ревидираат санкциите). Вмешувањето во санкциите ќе значи и нивно вмешување во конфронтацијата со Русија“, вели професорот по социологија на универзитетот во Бингхемтон Џејмс Петрас.  

Освен тоа, земјите на ЕУ, на пример Германија, сакаат да бидат сигурни дека меѓу нив и Русија нема да се случи понатамошно кинење на економските врски.

„Суштината на прашањето лежи во тоа дека западноевропските лидери, особено сега, сфаќаат дека долготрајниот информативен судир со Русија по принципот „око за око“ во украинското прашање и економската борба нема да бидат успешни за ЕУ“, пишува „Спутник“ повикувајќи се на директорот на истражувачкиот „Институт за демократија“ Патрик Башам.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња