Турција вети дека ќе ја забрза работата над „Турски тек“

Откако со Русија ќе бидат прецизирани координатите на копнената делница на „Турски тек“, Анкара ќе почне со изградбата на гасоводот, соопшти министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз.

Откако со Русија ќе бидат прецизирани координатите на копнената делница на „Турски тек“, Анкара ќе почне со изградбата на гасоводот, соопшти министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз.

„По запирањето на проектот „Јужен тек“, делницата на гасоводот долга 190 километри, која требаше да минува низ Бугарија, ќе минува низ Турција. Нам ни беа потребни координатите на оваа траса. Турција се обрати со Русија барајќи ги потребните информации. Одговор од руска страна добивме, но тој беше нецелосен во врска со низа прашања и затоа одлучивме да бараме од руската страна подетално образложение“, изјави Јилдиз.  

Според неговите зборови, денес ова е единственото прашање што ја спречува Турција да премине на фазата на изградба, пренесува РИА „Новости“.

„Меѓутоа, штом ова прашање биде регулирано, процесот на реализација на проектот значително ќе се забрза“, додаде Јилдиз.

„Сметам дека е необичен ставот на Западот кој, од една страна, се залага против реализацијата на овој проект, а од друга изјавува дека преку него сака да добива гас. Тоа е недоследен, нелогичен став“, изјави Јилдиз. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња