Европската унија нема да бара од земјите кои се дел од „Источното партнерство“ да ги поддржуваат санкциите на ЕУ против Русија, изјави амбасадорот на ЕУ во САД Дејвид О'Саливан.
„Ние во никаков случај не очекуваме (од тие земји) поддршка за надворешната политика на Европската унија каква што очекуваме од земјите-кандидати за членство во ЕУ“, изјави О'Саливан за агенцијата „Спутник“.
Во декларацијата по завршувањето на самитот што се одржа на 21 и 22 мај во Рига, учесниците ја потврдија важноста на „развојот на длабока соработка“ меѓу ЕУ и шест држави-учеснички во програмата – Белорусија, Украина, Молдавија, Грузија, Азербејџан и Ерменија.
Проектот „Источно партнерство“ не предвидува можност за членство во ЕУ, но е насочен кон политичка и економска интеграција на ЕУ со Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина. Последните три земји минатата година потпишаа спогодба за асоцијација со ЕУ која веќе е ратификувана од мнозинството држави во ЕУ. Истовремено Ерменија и Белорусија се членки на Евроазискиот економски сојуз – меѓународна организација, формирана врз основа на Царинскиот сојуз во кој влегува и Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче