Песков: Кремљ е многу загрижен поради ситуацијата во Донбас

Кремљ е многу загрижен поради провокациите на Вооружените сили на Украина во Донбас и својата позиција ќе ја дефинира врз основа на понатамошниот развој на ситуацијата, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новостиˮ.

Кремљ е многу загрижен поради провокациите на Вооружените сили на Украина во Донбас и својата позиција ќе ја дефинира врз основа на понатамошниот развој на ситуацијата, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новостиˮ.

„Многу сме загрижени поради престрелките во населените места на Донбас, затоа што гинат луѓе и деца. Внимателно го следиме развојот на ситуацијата и во зависност од тоа ќе го заземеме нашиот став“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Русија ќе биде иницијатор на разговори во „Нормандиски формат“.

Украинската војска претходно соопшти дека доброволците ги напаѓаат нивните позиции во реоните на Маринка и Красногоровка во околината на Донецк. Властите на самопрогласената Донецка Народна република соопштија дека изјавите на Киев се шпекулации. Министерот за одбрана на ДНР Владимир Кононов изјави дека украинските војници во средата отвориле оган по должината на целата линија на фронтот и дека  биле убиени тројца доброволци. Во престрелките во Донецк ранети се повеќе десетици цивили.

Властите на САД сметаат дека Русија сноси директна одговорност за ситуацијата во Донбас. Претставник на Стејт департментот изрази загриженост поради нападите, кои според мислењето на САД, ги вршат доброволците.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња