Одлуката на Сеп Блатер да ја напушти позицијата претседател на ФИФА е неочекувана за Москва, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.
„Заминувањето, се разбира, беше неочекувано, изјави Песков за РИА „Новости“, додавајќи дека „ситуацијата, без сомнение, е комплицирана и дека, се разбира, во оваа ситуација не треба да се користат медиумите како извор на информации“.
Тој истовремено соопшти дека Русија ја продолжува соработката со ФИФА за Светското првенство во фудбал во 2018 година. „Работата продолжува, соработката со ФИФА продолжува и најважното е: Русија ја продолжува подготовката за Светското првенство во 2018 година. Сите планови се реализираат“, изјави Песков.
Одговарајќи на прашањето дали Москва на некој начин ќе реагира на апелите натпреварувањето во Русија да се бојкотира, Песков одговори: „Не, нема да реагираме. Ја продолжуваме подготовката за 2018“.
Песков исто така изјави дека не располага со информации за причините за оставката на Блатер и потсети дека поранешниот претседател на ФИФА продолжува да ја врши својата должност до одржувањето на следниот конгрес.
Претседателот на ФИФА Сеп Блатер само неколку дена откако беше реизбран соопшти дека се повлекува од местото претседател на ФИФА. Министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко изјави дека Блатер се одлучил на ваков потез за да ја сочува организацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче