Претседателот на Русија Владимир Путин ги посети младите пациенти од Донбас кои се сместени во Научниот институт за итна детска хирургија и травматологија во Москва. Рускиот лидер се распрашуваше за нивното здравје и на сите деца им посака брзо заздравување, пренесува ТАСС.
Во клиниката во моментов на лечење е и Вања Варонов од Донецк, кој во јануари во престрелка се здобил со тешки телесни повреди. Осумгодишното момче тогаш останало без двете нозе и десната рака. Рускиот претседател се интересираше за неговата здравствена состојба и му посака брзо заздравување.
Во текот на обиколката на клиниката на Путин му беа презентирани и новите методи на лекување и операции на деца, како и најновите технологии за управување со медицинската установа, вклучувајќи го и користењето на мобилните апликации. Како што беше соопштено, таквите програми им овозможуваат на родителите во секој момент да ја следат состојбата на своето дете.
Со авион на Министерството за вонредни состојби на Русија на 14 мај од Ростов на Дон во московските клиники беа префрлени 18 тешко болни деца кои живеат во Донбас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче