Најновите тенкови „Армата“, дизајнирани и произведени во „Уралвагонзавод“ ќе бидат во состав на вооружувањето на руската армија во целиот XXI век и во најблиска иднина ќе станат далечински управувани, соопшти корпоративното издание на ОАО „НПК „Уралвагонзавод“ магазинот „Техновојни“ (Technowars).
„Опремата на „Армата“ овозможува автоматизирање на многу процеси кои порано екипажот мораше да ги врши мануелно, вклучувајќи и далечинско управување на движењето на возилото. Не е исклучено идните воини да бидат управувани веќе без учество на човекот, затоа ние предвидовме кај „Армата“ можност за роботизација. Денес го правиме „Армата“. И мислам дека ќе ни послужи за целиот XXI век“, изјави заменик-генералниот директор на претпријатието Вјачеслав Халитов.
Според него, измената на внатрешниот состав поврзана со роботизацијата ќе овозможи да се ослободи место за дополнителен борбен комплет и гориво. Само оваа мерка може да доведе до подобрување на соодветните карактеристики на платформата за 50%, а во некои случаи, во зависност од задачите што се извршуваат, резервата на гориво и борбениот комплет ќе биде можно да се зголемат двојно, пишува изданието.
„Да не зборуваме за тоа дека најдобрата заштита за посадата на борната кола е самото неговото отсуство. И тоа не е научна фантастика, туку следната етапа на модернизацијата на техниката која ќе биде можна веќе во најскора иднина“, истакнува „Техновојни.
Првата серија тенкови на платформата „Армата“ се планира да бидат испорачани на војската веќе идната година. За тоа ќе бидат произведени околу 100 пробни возила. Самиот тенк, кој веќе успеа да учествува на Парадата на Победата на Црвениот плоштад, засега е во фаза на испитување кое ќе трае уште околу една година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче