Антонов: Политиката на САД во Тихоокеанскиот прстeн е насочена кон одвраќање на Русија и Кина

Политиката на Вашингтон во Тихоокеанскиот прстен е насочена кон одвраќање на Москва и Пекинг по пат на вршење на притисок врз земјите во регионот, изјави заменик-министерот за одбранa на Русија Анатолиј Антонов.

Политиката на Вашингтон во Тихоокеанскиот прстен е насочена кон одвраќање на Москва  и Пекинг по пат на вршење на притисок врз земјите во регионот, изјави заменик-министерот за одбранa на Русија Анатолиј Антонов.

„Нѐ загрижува политиката на САД во регионот, особено поради тоа што таа од ден на ден станува сѐ повеќе насочена кон систематско одвраќање на Русија и Кина“, рече Антонов, додавајќи дека САД отворено вршат притисок врз земјите од Тихооеканскиот прстен и бараат од нив прекин на односите со Русија, вклучувајќи ја и соработката во воено-поморската сфера.

„Задачата е да се намали можноста за користење на странски аеродроми и пристаништа за руската флота“, рече Антонов. Како пример за тоа Антонов го наведува неодамнешниот  притисок на Американците врз Виетнам со цел да се забрани одржувањето на руските авиони на виетнамските аеродроми.

Тој додаде дека САД ја поткопуваат стратешката стабилност во Тихооеканскиот прстен обидувајќи се да ги распоредат своите бродови со системи за противракетна одбрана „Егида“ во близина на руските граници. 

„Очигледен е обидот на САД своите бродови со системите „Егида“ да ги приближи до рускиот брег. И покрај нашата загриженост САД продолжуваат со политиката на поткопување на стратешката стабилност, додавајќи му го на тоа распоредувањето на регионалниот противракетен штит во Тихоокеанскиот прстен“, смета Антонов. Според неговите зборови, потенцијалот на противракетната одбрана во овој регион значително го надминува нивото што е потребно за неутрализирање на можните ракетни ризици и закани.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња