Тестирањето на најновите руски авиони од петта генерација Т-50 (ПАК ФА) влегува во завршната фаза. Авионот покажува одлични перформанси и ги надминува странските аналогни авиони, изјави командантот на Военото воздухопловство на Русија Виктор Бондарев, пренесува РИА „Новости”.
„Тестирањето е во полн ек. Авионот има врвни карактеристики, а одлично работи и системот за оружјето, како на земја, така и во воздух. Ловците од идната година ќе бидат во употреба, а тестирањето го привршуваме“, рече Бондарев.
Тој објасни дека ловците Т-50 спаѓаат во групата тешко забележливи авиони, што во современи услови претставува приоритет во однос на брзината, која во случајот со ПАК ФА е нешто поголема од два маха. Како што изјави тој, особено значење во извршувањето на борбените мисии на рускиот ловец имаат ракетите.
„Авионот е опремен со најсовремената техника што постои во моментов, а ќе се трудиме да ја имплементираме сета нова опрема што ќе се појави“, изјави Бондарев, додавајќи дека тоа ќе биде можно доколку таа не бара драстични промени.
„Перформансите кои ги има ПАК ФА надминуваат сѐ што денеска имаме и што ќе се појави во скоро време во странство во сферата на авионската техника. Според сите параметри ловецот ќе биде пред американските Ф-22 и Ф-35“, истакна Бондарев. Тој додаде дека сериското производство на ловците Т-50 од петта генерација ќе почне во 2017 година, а темпото на набавка ќе зависи од производствените капацитети на индустријата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче