Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во четвртокот на 21 мај, на отворањето на самитот „Источно партнерство” во Рига ја обвини Русија дека применува „тактика на агресија и заплашување“ спрема своите соседи и ѝ предложи да биде „пошармантна“.
„Доколку Русија би била поблага, пошармантна (...) можеби не би морала да ги компензира своите недостатоци применувајќи тактика на агресија и заплашување спрема своите соседи“, додаде Туск, а пренесува „Би-Би-Си“.
Туск додаде дека ЕУ е одлучна да ги поддржи своите посиромашни соседи и покрај притисокот од страна на Русија. „Европска унија го задржува својот курс и покрај заплашувањето, агресијата, па дури и војната од минатата година“, изјави претседателот на Европскиот совет.
Тој исто така истакна дека Источното партнерство има долга историја и дека не е насочено против Русија. Но, на него негативно влијаела улогата на русија во конфликтот во источна Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.