Првиот човек на комитетот на Државната дума Алексеј Пушков смета дека Русија може даму понуди на Западот повеќе од Украина.
„Времето игра против Украина. Таа не може да му понуди ништо на Западот освен конфронтација со Русија. Русија може да понуди неизмерно повеќе“, напиша Пушков на својот Твитер.
Односите меѓу Русија и Западот, вклучително и со САД, се влошија поради ситуацијата во Украина. Значително се намали соработката на Москва со западните земји на меѓународната арена. Како што изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, Москва не е заинтересирана нејзините односи со Западот да останат во состојба на криза. Од своја страна, претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека услов за воспоставување на нормални односи со западните земји е почитување на интересите на Русија од нивна страна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче