Медиум: Нема смисла Русија и Кина да склучат сојуз

Кинески медиум смета дека руско-кинеска алијанса може засекогаш да им стави крај на американските сратешки амбиции, сепак ни Кина, ни Русија не ја признаваат идејата за „алијанса“.

Украинската криза, западните санкции, 70-годишнината од Втората светска војна, руско-американската конфронтација ... ова се наслови во западните медиуми во врска со средбата на лидерите на Кина и Русија. Уште еднаш стана популарна темата „ Кина и Русија треба да стапат во сојуз“, пишува кинеската верзија на „Женмин жибао“.

Постои дури и точка на гледиште дека кинеско-рускиот сојуз може засекогаш да ги оконча стратешките амбиции на САД да изгради империја, сепак, тоа ќе биде стратешки избор, неопходно за постоењето на земјите. Меѓутоа, ниту во Кина ниту Русија не ја признаваат идејата за "унија". Според авторот на оваа статија, постои уште простор за унапредување на економскиот комплементарност, меѓусебната политичка и воена соработка.

Покрај тоа, со оглед на надворешната стратегија, Кина и Русија нема да се согласат со целосна конфронтација со Западот. Кинеско-руските односи со сеопфатната стратешка соработка и  партнерство се карактеризираат со практичен, правилен и висок степен на развој,  така што склучувањето сојуз нема да може да ја зголеми вредноста на соработката. Во споредба со сојуз, постојните билатерални односи имаат мултифункционалност, флексибилност и сестраност.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња