Санкциите на Западот требаше да ѝ нанесат удар на Русија, меѓутоа, руската економија во моментов е во многу подобра состојба отколку што многумина претпоставуваа дека ќе биде, смета колкумнистот на „Форбс“ Кенет Рапоза, а пренесува РИА „Новости“.
Како потврда на своите ставови аналитичарот на ова американско издание наведува бројни докази. Во најновиот извештај за човечки капитал (The Human Capital Report), Русија се искачи од 55 на 26 место. Индексот на човечки капитал, наведува авторот, се определува врз основа на вештините и способностите на населението во сферата на производството.
Во ова котирање Русија ги престигна Израел, Италија, Грција, Португалија, Шпанија, како и Бразил. Рапоза иронично ги наведува проблемите со кои Русија се сретна по воведувањето на сакциите Имено, според податоците на берзанскиот фонд „Маркет векторс Русија“ (RSX), Русија е прогласена за најдобриот пазар во развој оваа година, а како голем „проблем“ колумнистот го наведува и фактот дека рубљата од почетокот на годината зајакна за 17%.
Рапоза смета дека антирусите санкции придонесоа за економска стабилност во земјата, истакнувајќи дека руската Централна бана успеа да ја задржи под контрола најлошата економска криза во Русија за последните неколку децении.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче