Стејт департмент: САД се надеваат на потпишување договор за ПВО со Русија

Вашингтон се надева дека во иднина ќе склучи спогодба со Москва за соработка на полето на противвоздушната одбрана, изјави заменикот на државниот секретар на САД задолжена за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Роуз Гетемилер, пренесува РИА „Новости”.

„Што се однесува до прашањето дали можеме да потпишеме било каква спогодба за соработка во сферата на противракетната одбрана во иднина, сметам и се надевам дека можеме“, изјави Роуз во интервју „Комерсант”, додавајќи дека САД немаат капацитет да ги прошират ограничените ресурси на противвоздушната одбрана на глобално ниво.

САД во 2001 година излегоа од Договорот за противракетна одбрана со Русија и се свртија кон распоредување на глобалниот стратешки систем за ПВО во Европа (антиракетниот штит во Полска и радарските станици во Чешка) кој поседува способност за уништување на руските интерконтинентални балистички ракети.

САД и НАТО пролетта во 2014 година поради украинската криза го прекинаа дијалогот со Русија во врска со противвоздушните системи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња