Лавров и Кери се договорија заеднички да ги решаваат конфликтите

МНР РФ соопшти дека во неделата се одржал телефонски разговор по американска иницијатива меѓу државниот секретар на САД Џон Кери и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Во пресрет на утрешната средба меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и Државниот секретар на САД Џон Кери, рускиот дипломатски ресор соопшти дека во неделата се одржал телефонски разговор меѓу двајцата министри во текот на кој се договориле за средбата на која ќе бидат дискутирани заеднички чекори на Русија и САД за решавање на различни конфликтни ситуации.

Како што истакнаа од министерството, разговорот се одржал по американска иницијатива.  

„Министерот и државниот секретар се договорија за одржување на средба во најскоро време за разгледување на евентуални заеднички чекори на Русија и САД за заедничко решавање на различни конфликтни ситуации, како и за состојбата со билатералните односи“, се вели во соопштението.   

Кери исто така искажал честитки по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна, потенцирајќи го огромниот удел на рускиот и другите народи на Советскиот Сојуз во уништувањето на фашизмот. Лавров од своја страна истакнал дека во Русија го почитуваат светото сеќавање за заедничката борба на сојузниците со хитлеровска Германија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.