Во Европскиот парламент одобрена предлог-резолуција за пожестоки санкции против Русија

Во документот пишува и за потребата ЕУ да соработува со НАТО и САД за обезбедување на безбедноста во Црноморскиот регион, изјавија од прес-службата на ЕП за РИА „Новости“.

Комитетот за меѓународни работи на Европскиот парламент ја одобри и ќе ја даде на гласање во јуни предлог-резолуцијата која повикува на засилување на санкциите на Европската унија против Русија во случај на неисполнување на Минската погодба од страна на Москва, соопштија од прес-службата на Европскиот парламент за РИА „Новости“.  

„Доколку Русија продолжи да ја дестабилизира ситуацијата на истокот на Украина и не се откаже од незаконската анексија на Крим, ЕУ треба да и засили санкциите и да ја разгледа можноста за давање на Украина одбранбено оружје и друга воена помош“, се вели во документот.

Во документот исто така пишува и за потребата ЕУ да соработува со НАТО и САД за обезбедување на безбедноста во Црноморскиот регион.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња