Новото руско оружје првпат ќе биде покажано на Парадата на Победата

На парадата на Победата на Црвениот плоштад на 9 мај ќе учествуваат 15 илјади луѓе, легендарните тенкови Т-34, како и новото руско оружје што ќе биде покажано првпат.

На парадата на Победата на Црвениот плоштад на 9 мај ќе учествуваат 15 илјади луѓе, легендарните тенкови Т-34, како и новото руско оружје што ќе биде покажано првпат.

Ова во интервјуто за „Русија денес“ го изјави шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов, кој истовремено е на чело на организациониот комитет за подготовка и празнување на 70-годишнината од Победата.

„Нема да ги откријам сите детали, може само неколку. Ќе бидат претставени нови  примероци на вооружување и воена техника кои претходно не биле прикажани, на пример, ракетниот комплекс РС-24 „Јарс“, БТР-те, високопрецизни артилериски системи“; изјави тој. „Сето тоа ќе биде покажани првпат“, прецизираше Иванов.

„Во текот на парадата исто така ќе ги видиме познатите Су-30 и Су-35. Тоа се најнови, ултрасовремени ловци“, истакна шефот на администрацијата на претседателот.

Според информациите на Иванов, на Парадата, што ќе започне на 9 мај во 10:00 часот по московско време, ќе учествуваат над 15 илјади луѓе. „Парадата ќе се состои од два дела: современ и историски. Во вториот дел некои војници ќе бидат облечени во советска воена униформа. Тие ќе дефилираат со фронтовските знамиња и знамињата на единиците и формациите на Црвената армија“, изјави тој.

Исто така, “ќе биде претставена воена техника од тоа време: познатите тенкови Т-34, воените камиони со кои се движеле пред 70 години“.

Раководителот на администрацијата во Кремљ го според сегашниот празник со претходниот јубилеј на 60 години од Победата. „Оваа година празнични манифестации ќе се одржат во уште поголем обем. Воени паради ќе се одржат во 150 градови, и тоа не само во Русија,но и во странство“, истакна тој. Според него, „руски војници ќе земат учество во парадите во главниот град на Киргизија Бишкек, во главниот град на Белорусија Минск,  во главниот град на Ерменија Ереван и во градот Цхинвали во Јужна Осетија, која, согласно позицијата, е независна држава“. Тој  соопшти дека „исто така, ќе се одржат и пет паради на бродови на ВМФ РФ во руски пристаништа и пет авио-шоуа“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња