Путин: Западот треба да разбере дека Русија има свои геополитички интереси

Претседателот на РФ Владимир Путин во документарниот филм „Претседател“ изјави дека Западот треба да разбере дека Русија има свои интереси.

На руската телевизија „Русија 1“ премиерно беше прикажан документарниот филм „Претседател“, снимен по повод 15 години откако Владимир Путин стапи на должноста претседател на Руската Федерација. 

Во филмот Путин зборуваше за пресвртните настани на политичката сцена кои одлучуваа за судбината на светот. Филмот го опфаќа периодот од август 1999 до денес и го претставува патот кој земјата го помина во текот на последните 15 години заедно со претседателот Путин.   

Шефот на руската држава изјави дека западните земји по распадот на Советскиот Сојуз треба да сфатат дека Русија има свои геополитички интереси и дека спрема нив треба да се однесуваат со почит и да бараат рамнотежа.

Путин изјави дека советските луѓе имале илузии за бришењето на идеолошките разлики меѓу западните земји и Русија.  

„Ни се чинеше дека со укинувањето на идеолошката компонента, која го одвојуваше Советскиот Сојуз од целиот останат цивилизиран свет, браќата ќе го спуштат оружјето. Под „браќа“ мислевме на оние во странство. Но, на браќата не им се брзаше, не само да го спуштат оружјето, туку со задоволство сакаа да ни ги одземат остатоците од некогашната воена моќ што ја имаше Советскиот Сојуз“, изјави претседателот на РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња