Путин: Русија ќе оди до крај штитејќи ги своите интереси

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека Русија не можела да ги остави луѓето кои сакале да се вратат во РФ и кои не сакале да бидат под власта на екстремни националисти и бандеровци во Украина.

Претседателот на РФ  Владимир Путин изјави дека Русија ќе оди до крај штитејќи ги своите интереси: тој смета дека во ситуацијата со враќањето на Крим во состав на Русија сѐ било направено правилно и дека не жали за ништо.

Шефот на државата раскажа во филмот „Претседател“ дека најважно било да се сфати што сакаат луѓето кои живеат на Крим.

„Јас им велев дека за нас тоа е прашање од животна важност - луѓето. Не знам како вие ќе ги браните вашите интереси, но ние, штитејќи ги своите интереси, ќе одиме до крај. И тоа е исклучително важна работа“, изјави Путин.

Тој потенцираше дека Русија не можела да ги остави луѓето кои сакале да се вратат во РФ и не сакале да бидат под власта на екстремните националисти и бандеровци

„Не затоа што ние сакаме нешто да лапнеме, зграпчиме. И не поради тоа што Крим има стратешко значење во Прицрноморјето. Ами затоа што тоа е елемент на историска правда. Сметаме дека постапивме правилно и за ништо не жалам“, истакна претседателот на РФ.

Република Крим и градот Севастопол на полуостровот Крим станаа руски региони по одржаниот референдум на 16 март 2014 година во кој над 90% граѓани гласаа за истапување на овие региони од составот на Украина и соединување со Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.