Стејт департментот ја обвини Русија за испорака на ПВО системи во Украина

Официјалниот претставник на Стејт Департментот на САД Мери Харф изјави дека Русија ја прекршува Минската спогодба со испорака на системи за ПВО на истокот на Украина, пренесува „Ројтерс“.

​Зборувувајќи во Вашингтон, Харф изјави дека бројот на ПВО системи во Донбас достигнал рекорден број од октомври минатата година, соопшти агенцијата „Ројтерс“. Истовремено „обуките на проруските сепаратисти не оставаат простор за сомневање дека Русија не е вмешана во нив“.   

Харф исто така соопшти и за присуство во Донбас на руски беспилотни летала, што „претставува несоборлив доказ за учеството на Москва“.  

Исто така претставничката на Стејт департментот тврди дека Русија одново довлекла значителни сили на украинската граница, зголемувајќи ја со тоа концентрацијата на своите сили на нивото од октомври минатата година.  

Претставничката на Стејт департментот на САД не покажа докази за овие нејзини изјави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња