Претседателот на САД Барак Обама изјави дека е изненаден од долготрајноста на руското ембарго за испорака на противвоздушните ракетни системи С-300 на Иран.
„Овој договор требаше да биде реализиран 2009 година. Јас тогаш првпат се сретнав со Владимир Путн кој во тоа време беше премиер. И Русите тогаш го блокираа договорот, на наше барање ја одложија продажбата. Искрено кажано, изненаден сум што тоа траеше толку долго, имајќи предвид дека немаше никакви санкции кои би го забраниле овој договор“, изјави Обама на прес-конференцијата по средбата со премиерот на Италија Матео Ренци, пренесува РИА „Новости“.
Обама додаде дека е изненаден од тоа, помеѓу другото, и поради тоа што неодамна дојде до влошување на односите меѓу САД и РФ. Освен тоа, смета Обама, оваа зделка на Русија ѝ била потребна и поради тешката економска ситуација во земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче