Силуанов: Русија нема да даде согласност за реструктуризација на долгот на Украина

Во случај Киев да не ги исполни обврските, Русија ќе се обрати до суд, предупреди министерот за финансии на РФ Антон Силуанов, пренесува ТАСС.

Русија нема да даде согласност за реструктуризација на долгот на Украина од  3 милијарди долари.

Ова беше одговорот на министерот за финансии на РФ Антон Силуанов на барањето да ја коментира изјавата на министерот за финансии на Украина Натилја Јареско дека реструктуризацијата на еврообврзниците на Украина од 3 милијарди долари спаѓаат во механизмите на Лондонскиот клуб.

 „Ние нема да дадеме согласност за никакви реструктуризации. Ќе очекуваме Украина да ги исполни своите обврски“, потенцираше Силуанов.

Доколку Украина не ги исполни обврските, Русија ќе се обрати до суд. Ќе побараме арбитража согласно англиското законодавство, како што беше предвидено во случај на неплаќање или неисполнување на обврските од страна на Украина кон РФ“, изјави Силуанов, истакнувајќи дека за тоа ќе може да се размислува во декември оваа година, кога Украина треба да го врати кредитот.

Претходно министерката за финансии на Украина Наталија Јареско изјави за каналот „Си-Ен-Би-Си„ дека реструктуризацијата на украинските еврообврзници што ги има купено Русија спаѓаат во механизмите на Лондонскиот клуб.

„Во моментов, на еврообврзниците купени од РФ треба да се подеднакво (со останатите украински еврообврзници). Ние немаме основа да ги сметаме за некаков друг заем, освен како „лондонски тип на кредит“: тие не беа регистрирани во Парискиот клуб и до денес ние ги информиравме нивните крајни корисници преку депозитарниот систем, како и сите иматели на суверени еврообврзници“, изјави таа.

Извор на ТАСС, близок до Министерството за финансии, истакна дека механизмите на Лондонскиот клуб се неприменливи за институционални инвеститори како што е Русија. Лондонскиот клуб ги регулира односите на приватните инвеститори.

Во февруари Украина доби 17,5 милијарди долари од ММФ. Според условите на договорот земјата треба да реструктуира 15,3 милијарди долари за приватни инвеститори.

Русија не планира да учествува во програмата за реструктуризација и очекува исплата на долгот во декември 2015 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња