Финска отфрла постоење на закана од страна на Русија

Русија засега нема направено ништо во однос на Финска што би создало закана во најблиска иднина, изјави за телевизијата Иле ТВ-1 Икосааму командантот на Силите за одбрана на Финска Јармо Линберг.

Русија засега нема направено ништо во однос на Финска што би создало закана во најблиска иднина. Ова го изјави за телевизијата Иле ТВ-1 Икосааму командантот на Силите за одбрана на Финска Јармо Линберг.  

„Степенот на активност околу Финска порасна“, призна Линдберг во интервјуто, но додаде дека засега Русија нема направено ништо што би предизвикало тревога во Хелсинки.

Команданот истакна дека Русија последниве години вршела крајно активна дејност во сферата на воените вежби, вклучително и во непосредна близина на финската граница. Поради тоа се зголемило и присуството на силите на НАТО и САД во соседството на Финска.

„Кога во Русија во маневрите учествуваа 80 илјади војници, во Финска исто така се одржуваа маневри со шест илјади луѓе и со воздушна и поморска техника“, рече Линдберг.  

Тој исто така не гледа опасност во тоа што Русија упатила дополнителни резерви во базата во Алакурти, која се наоѓа недалеку од финското гратче Сала.

„Во Русија меѓу Петербург и Колскиот полуостров има само една воздушна база и еден склад за воена техника. Ако во таа база во советско време имаше над 5000 војници, сега таму вратија помалку од 5000 војници. Тоа не игра решавачка улога во глобални размери“, заклучи командантот.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.