Рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин на својот Твитер-профил го нарече секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина Александар Турчинов „дебил“ како одговор на изјавата на киевскиот политичар за можноста да се создаде во Украина таканаречена валкана атомска бомба, пренесува РИА „Новости“.
Претходно Александар Турчинов ја коментираше можноста Украина да создаде „валкана“ атомска бомба. Како што изјави украинскиот политичар, властите имаат намера да ги искористат сите ресурси, вклучително и „за создавање ефикасно оружје“, а дали тоа ќе биде валкано или чисто, „тоа е веќе посебно прашање“. Турчинов истакна дека Украина „работи на изградбата во воено-индустрискиот комплекс кој денес ефикасно се развива на моќни системски технологии кои даваат можност за вооружување со сите современи технологии“.
Таканаречената валкана бомба претставува наједноставен вид радиолошко оружје и се состои од контејнер со радиоактивен изотоп и експлозивно полнење. При експлозија на полнењето со експлозивен материјал контејнерот со изотопите се распаѓа и под дејство на ударниот бран радиоактивната материја се разлетува на определена територија. Еден од најнегативните ефекти на таквото оружје е радиоактивното загадување на околината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче