Медведев: Киев треба сам да ја обнови земјата, но Русија ќе помогне

Украинските власти треба самостојно да се занимаваат со обнова на земјата, а Русија ќе се труди да помогне без да се меша, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев во Бангкок, пренесува РИА „Новости“.

Украинските власти треба самостојно да се занимаваат со обнова на земјата. Русија ќе се труди да помогне во тој процес, но нема да се меша, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев во Бангкок, пренесува РИА „Новости“.

„За жал, таму се случија настани кои ние не можеме да ги поддржиме поради различни причини.  Но тие самите треба да се занимаваат со обновата на својата земја. Токму киевските власти, Украина треба самата да направи сѐ за да се зачува земјата и да се вратат дел од регионите кои сега, всушност, се отцепени од централната власт. Но за тоа треба да се создадат услови, треба да им се објасни зошто би требало да биде добро да се живее во составот на цела Украина“, изјави Медведев во интервју за медиа-групата „Нација“ (Nation) во текот на посетата на Тајланд.

„Ние, се разбира, ќе се трудиме да помогнеме во тој процес, но нема да се мешаме во тоа“, рече рускиот премиер.

Тој истакна дека Русија не може рамнодушно да гледа дека на територијата на Украина гладуваат луѓе, не ги добиваат потребните медицински услуги и лекови и затоа РФ испраќа таму хуманитарни конвои. „Но тоа е сѐ, веројатно, што можеме да направиме во таква ситуација“, изјави Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.