Медиуми: Русија за мир во Украина прави повеќе отколку што предвидува Минск-2

Руската страна прави сѐ за мирно решение на вооружениот конфликт во Донбас, пишува германското издание на „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.

Руската страна прави сѐ за мирно решение на вооружениот конфликт во Донбас, пишува германското издание на „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“  (Deutsche Wirtschafts Nachrichten), а пренесува РИА „Новости“.

Како што пишува авторот на статијата, Русија инсистира на почитување на Минската спогодба во Украина, особено што руската страна нема да бара од Киев враќање на 3 милијарди долари пред рокот, иако има право на тоа во согласност со кредитниот договор.

На тој начин, истакнува изданието, Русија „демонстрира волја за релаксација“, со оглед на фактот дека доколку буџетскиот дефицит на Украина надмине 60%, Русија може да побара од Киев враќање на долгот пред истекот на рокот.

Исто така, весникот потенцира Русија прави повеќе од предвиденото со Минск-2, нагласувајќи дека министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров по средбата со својот словачки колега изјавил дека ја исклучува можноста за воено решавање на конфликтот на југоистокот на Украина, како и дека дал предлог за повлекување на оружјето со калибар под 100 милиметри.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.