Русија ќе му даде на Таџикистан оружје за 70 милијарди рубли

Русија ќе му даде на Таџикистан во наредните години воено-техничка помош во износ од околу 70 милијарди рубли, објави денеска „Комерсант“, повикувајќи се на извори од Генералштабот на РФ.

Русија ќе му даде на Таџикистан во наредните години воено-техничка помош во износ од околу 70 милијарди рубли. Ова го објави денеска, 3 април, „Комерсант“, повикувајќи се на извори од Генералштабот на РФ.

Договорот за модернизација на вооружените сили на Таџикистан беше постигнат уште во летото 2014 година, меѓутоа износот на помошта  не беше познат сѐ досега. Номенклатурата на вооружувањето е усогласена, меѓутоа со испорака, според информациите на изданието, сѐ уште не е  почнато.

Како што пишува  „Комерсант“, Таџикистан ќе добие во рамките на Организацијата на договорот за колективна безбедност помош во вид на широк спектар на вооружување, почнувајќи од средства за врска, мало и лесно оружје и муниција, па сѐ до авијација, артилерија и ракетни системи. Во  суштина оружјето ќе биде од Министерството за одбрана на Русија.

Во четвртокот на средбата во Душанбе на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ОДКБ стана збор за опасноста од „Исламската држава“ која во РФ е прогласена за екстремистичка. Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров призна дека Таџикистан се судира со растечки закани поради дестабилизацијата на ситуацијата во соседен Авганистан. Исламистите, вклучително и борци на ИД, веќе навлегуваат во Таџикистан преку не премногу добро контролираната граница, изјави Лавров.

По средбата шефот на МНР РФ изјави дека ја потврдил приврзаноста на Москва кон исполнувањето на обврските пред Душанбе „за зајакнување на неговата одбранбена способност како по билатерална линија, така и во рамките на одлуките на ОДКБ“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.