Медиум: Западот ги користи историските датуми како оружје против Русија

Лидерите на западните земји забораваат на уделот на Советскиот Сојуз во победата над нацистичка Германија во Втората светска војна и ги користат најважните историски датуми за притисок врз Русија, пишува норвешкото издание на „Класекампен“.

Лидерите на западните земји забораваат на уделот на Советскиот Сојуз во победата над нацистичка Германија во Втората светска војна и ги користат најважните историски датуми за притисок врз Русија, пишува норвешкото издание на „Класекампен“ (Klassekampen).

Властите на Норвешка претходно објавија дека никој од официјалните лица на земјата нема да присуствува на свеченостите по повод Денот на Победата во Москва на 9 мај. „Комплицирано е да се сфати таквата одлука“, истакнува весникот, потенцирајќи дека ако не беше несебичноста на советскиот народ, нејасно е каков ќе беше исходот од војната.

„Фактот дека лидерите на западните земји нема да учествуваат на свечените манифестации во Москва сведочи за тоа дека тие ги користат таквите важни од историска гледна точка датуми како оружје во сегашните конфликти“, истакнува весникот.  

Споредувајќи ја важноста на она што се случува во Украина со уделот на Русија во Победата над фашизмот, „Класекампен“ доаѓа до заклучок дека украинскиот конфликт треба да биде ставен на втор план заради празнувањето на 9 мај.

„Во знак на почит кон милионите луѓе кои го дале својот живот во борбата против нацизмот, неопходно е да се склучи политичко примирје заради празнувањето на таквите историски датуми“, потенцира весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња