Јацењук: Русија сака да ја „приватизира“ заедничката борба против нацизмот

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук ја обвини Москва дека сака да ја „приватизира“ заедничката борба против нацизмот, пренесува РИА „Новости“.

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук, кој се наоѓа в посета на Берлин, ја обвини Москва дека сака да ја „приватизира“ заедничката борба против нацизмот, пренесува РИА „Новости“.  

Во текот на посетата на Германија во јануари Јацењук веќе се искажа на тема Втора светска војна. Тогаш во интервјуто за каналот „А-Ер-Де“ Јацењук изјави за „советската инвазија како врз Украина, така и врз Германија“. Руските воени историчари ја нарекоа изјавата на Јацењук лажлива и бесрамна. Москва по тие скандалозни изјави побара официјален став од Берлин.

„Обидите на Русија да ја приватизира нашата заедничка борба против нацизмот се недопустливи“, изјави во средата премиерот на Украина на прес-конференцијата во Берлин по средбата со канцеларката на Германија Ангела Меркел. Според него, 40% од загинатите во Советската армија во текот на Втората светска војна биле Украинци. „Тоа беше нашата заедничка борба за слобода на Европа“, изјави Јацењук.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња