Песков: Путин не користи „нуклеарна реторика“

Претседателот на Русија Владимир Путин не користи „нуклеарна реторика“, туку ја истакнува бесмисленоста на враќањето на ерата на студената војна, изјави портпаролот на рускиот лидер Владимир Песков, пренесува ТАСС.

Претседателот на Русија Владимир Путин не користи „нуклеарна реторика“, ами напротив – ја истакнува бесмисленоста на враќањето на ерата на конфронтација во студената војна. Ова го изјави портпаролот на рускиот лидер Владимир Песков, пренесува ТАСС.

На тој начин тој ги коментираше за новинарите, особено, изјавите на милијардерот Доналд Трамп дека рускиот лидер наводно користи „нуклеарна реторика“.

Песков истакна дека едвај може да се забележи „воопшто некаква нуклеарна реторика“. Според негово мислење, Трамп, „очигледно мисли на површните познавања за документарниот филм за Крим, каде Путин одговори на соодветното прашање на водителот – при што, одговори сосема мирно и истовремено ја истакна бесмисленоста на креирање некакви тензии или враќање на ерата на „студената војна“.

„Во принцип, останува единствено да не се согласиме со таквата изјава (на Трамп)“, заклучи Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња