Рускиот парламент треба одново да му даде на претседателот на РФ право да испрати војска во Украина доколку САД почнат со реална испорака на вооружување во оваа земја, смета првиот заменик-претседател на фракцијата на „Правична Русија“ Михаил Емелјанов, пишува РИА „Новости“.
Американскиот конгрес денеска донесе резолуција со препорака за претседателот на САД да одобри испорака на оружје за Украина. Во резолуцијата се содржи апел до претседателот „да ги примени овластувањата што му се дадени од Конгресот за испорака на смртоносно одбранбено оружје“. Таквиот чекор ќе овозможи „да се зголемат шансите на украинскиот народ за одбрана на суверенитетот“. Авторите на резолуцијата ја префрлаат исклучително врз Русија одговорноста за загинатите во текот на конфликтот на истокот н Украина. Истовремено го премолчуваат фактот што значителен дел од бегалците се наоѓа на територијата на Русија.
„Ние сметаме дека нашиот парламент не треба да ја одмине оваа изјава. Доколку реално САД почнат со испорака на смртоносно оружје за Украина, ние треба без стеснување да почнеме да ги поддржуваме бунтовниците, вклучително и со оружје, и да му го вратиме правото на претседателот да испраќа трупи на територијата на Украина“, изјави Емелјанов за новинарите.
Според него, Русија не може да си дозволи да создаде од Украина „меѓународен милитант наострен против Русија“.
Одлуката на конгресмените на САД за испорака на оружје за Украина е провокација, смета Емелјанов.
„Тоа сведочи дека САД апсолутно се незаинтересирани за деескалација на конфликтот во Украина... Соединетите држави се обидуваат по секоја цена да ја вооружат Украина, затоа што во нивните геополитички планови Украина е онаа држава која ја задржува Русија, а и е потребна на САД, за да не ѝ дозволи на Русија да се развива во нова суперсила“, истакна пратеникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче