Чижов: Дури и активните приврзаници на санкциите разбираат дека тие не делуваат

Постојаниот претставник на РФ во Европската унија Владимир Чижов истакна дека на Запад нема консензус во однос на санкциите против Русија.

Активните приврзаници на санкциите против Русија на Запад почнаа да сфаќаат дека тој механизам не работи, изјави постојаниот претставник на РФ во Европската унија Владимир Чижов.

„Во моментов сите веќе почнаа да сфаќаат, дури и најактивните приврзаници на санкциите дека санкциите не делуваат, во таа смисла што целта која беше поставена со нивното воведување не е постигната“, изјави Чижов преку видео-конференциска врска од Брисел на прес-конференцијата во МИА „Русија денес“.

Чижов истакна дека на Запад нема консензус во однос на санкциите против Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња