Москва е сериозно вознемирена од зголемувањето на маневрите на Севернотлантската алијанса близу своите граници, изјави заменик-министерот за надворешни работи Алексеј Мешков.
„Ние сме длабоко вознемирени од повеќекратното зголемување на маневрите на НАТО до нашите граници, а особено зачудување предизвикува тоа што тоа се случува во северно-источниот регион на Европа, кој е најстабилен од гледна точка на безбедноста не само на нашиот континент, но и во светот“, изјави тој.
„Таквите дејствија водат само кон дестабилизација на ситуацијата и зголемување на тензиите на североистокот на Европа“, истакна тој, пренесува РИА „Новости“.
На 2 март постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко изјави дека земјите на Алијансата одржале околу 200 активности од воен карактер на источните граници во рамките на засилувањето на активностите на Алијансата во регионот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче