Пожар во Новодевичиј манастир

Вечерва во Москва некаде околу 22 часот и 40 минути во камбанаријата на Новодевичиј манастир се случи пожар. Според првичните сознанија, најпрви се запалиле дрвјата во близината, а потоа огнот се префрлил на камбанаријата.

Вечерва во Москва некаде околу 22 часот и 40 минути во камбанаријата на Новодевичиј манастир се случи пожар. Според првичните сознанија, најпрви се запалиле дрвјата во близината, а потоа огнот се префрлил на камбанаријата.

На лице место беа испратени противпожарни екипи, кои успеаја да го локализираат огнот. Пожарот зафатил 300 квадратни метри, а во неговото гаснење учествуваа 113 лица и 29 единици на специјалната противпожарна техника.

Новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на изјава на заменик-началникот на главната управа на Министерството за вонредни состојби на Русија Александар Гаврилов, пренесува дека камбанаријата речиси и да не е оштетена.

„Успеавме да го спречиме понатамошното ширење на огнот. Внатрешните простории не се оштетени, на местото на најголемото делување на огнот е падна малтерот“, изјавува Гаврилов.

РИА Новости, пак, повикувајќи се на изјавите на очевидци, изјавува дека дрвјата околу камбанаријата сѐ уште горат од страната на дворот. Во внатрешноста на камбанаријата понекаде паѓаат елементи од конструкцијата. Останатите зданија на манастирот – ѕидината, куполите, црквата и главниот собор на Смоленскиот манастир не се допрени од пожарот.

Во одделот за културно наследство на Москва за пожарот го обвинија претприемачот кој ја спроведувал реставрацијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња