Медиум: Расте бројот на европски земји-противници на санкциите

Бројот на противници на санкциите меѓу земјите-членки на ЕУ расте, пишува германското издание на „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.

Кампусот на противници на антируските санкции во Европската унија расте:  Унгарија, Италија, Грција, Кипар, а сега и Шпанија искажуваат отворено незадоволство од настанатата ситуација, пишува германското издание на „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“ (Deutsche Wirtschafts Nachrichten).

Изданието ги наведува како пример зборовите на шефот на МНР Шпанија Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо дека санкциите не носат полза никому.

„Санкциите нанесоа големи загуби на шпанската економија. Имаме големи загуби, особено во земјоделството. Мислам дека треба на еден или на друг начин да ги земаме предвид интересите на Русија во преговарачкиот процес за асоцијацијата на Украина со ЕУ“, изјави министерот за надворешни работи на Шпанија во текот на посетата на Москва.

На тој начин, Шпанија му се придружи на клубот на земји-членки на ЕУ кои отворено истапуваат против санкциите и се за подобрување на односите со Москва, ја коментира ситуацијата германското издание.

Изданието истакнува дека САД се вознемирени од настанатата ситуација и не сакаат раскол во позициите на ЕУ во однос на Русија.

„САД сакаат да ги тргнат настрана противниците на санкциите во кампусот на ЕУ. Заменикот-државен секретар на САД Викторија Нуланд планира деловни посети на земјите кои се залагаат за ослабување на режимот на санкции за да ги врати во строј“, истакнува германското издание.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња