Македонија го продолжи за една година безвизниот режим за Русите

Владата на Република Македонија донесе одлука за продолжување на едностраниот безвизен режим за руските државјани уште за една година – до 15 март 2016 година, соопшти руската амбасада во Скопје.

Владата на Република Македонија донесе одлука за продолжување на едностраниот безвизен режим за руските државјани уште за една година – до 15 март 2016 година, соопшти руската амбасада во Скопје. Информацијата ја пренесува „Взгљад“.

„Тоа значи дека на државјаните на Русија за влез на територијата на Македонија доволно е да имаат пасош за патување во странство и осигурување“, се вели во соопштението на официјалната страница на амбасадата на Фејсбук.

Овој режим се однесува само на кратки патувања – во Македонија е можен престој без виза не подолго од 90 дена во текот на секои шест месеци, сметајќи од денот на првото влегување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња