Лавров предложи САД и ЕУ да воведат санкции против Украина

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров им предложи на Америка и ЕУ да воведат санкции против Украина, пренесува ТАСС.

Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на РФ изјави: „Процесот што тие толку го посакуваат за извршување на Минската спогодба во суштина сега го блокираат киевските власти. Не знам какви инструменти за притисок врз Киев имаат Американците, Европејците, но можеби нивните толку омилени механизми за санкции ќе ги применат во дадениов случај врз Киевските власти за да ги натераат да го исполнат она што го договориле.“

Наместо тоа, истакна министерот, на Запад претпочитаат да замижуваат пред фактот дека Киев се обидува на секој начин да ја забави реализацијата на Минската спогодба и да ги извртат нејзините одредби, пренесува ТАСС.

На пример, Лавров потсети дека буквално следниот ден по 12 февруари киевските власти ја негираа амнестијата пропишана со спогодбата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња