Политиколог: Русија го „проѕре“ политичкиот инженеринг на САД што успеа во Киев

Инженерингот за „креирање почва за државни преврати“ испробан од САД на Блискиот Исток и во Украина нема да успее во Русија, смета извршниот директор на Институтот „Рон Пол“ Даниел Мекадамс, пренесува РИА „Новости“.

Инженерингот за „креирање почва за државни преврати“ испробан од САД на Блискиот Исток и во Украина нема да успее во Русија, смета извршниот директор на Институтот „Рон Пол“ Даниел Мекадамс, пренесува РИА „Новости“. 

Според политикологот, изјавите за „неучеството“ на Вашингтон во настаните во  украинската политичка криза немаат никаква основа, затоа што формирањето на новата млада киевска елита (како и на онаа која како резултат го состави костурот н владата, како и на онаа која непосредно се занимаваше со организација на протестот што му претходеше на симнувањето од власт на тогашниот претседател Јанукович) се одвиваше со непосредно учество на амеиканските невладини организации и „кураторите“ на киевските протести од Белата куќа. Во улогата на еден од таквите „куратори“, смета Мекадамс, настапи Викторија Нуланд, која го зазема влијателното место на помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

„Американските НВО се занимаваа со подготовка на „авангардата“ на протестот – младата космополитска елита која ја обучуваа во техники на реализација на државни преврати.  Во 2014 година имаше неколку работни сесии во Њујорк на кои Украинците ги учеа на акцентирана работа со механизми за масовна мобилизација, особено  со социјални мрежи. Токму тие како резултат го составуваа „срцето на протестот“ во Украина. Американците можат и да не го разбираат тоа, фактички не е едноставно да се изведат илјадници луѓе на улица, во САД, на пример, тоа се случува крајно ретко“, смета американскиот експерт.

Вештиот од на руската влада, смета Мекадамс, се состои во тоа што во Русија навремено обрнаа внимание на работата на невладините организации кои се отворено спонзорирани од Вашингтон. Таквата политика е рационална за секоја држава која се грижи за сопствениот суверенитет.  

Во САД нема да видите, да речеме, организација спонзорирана од Иран која работи под превезот на заштита на човековите права, а чија вистинска цел е соборување на американската влада. Нејзините припадници веднаш би биле уапсени“, заклучува експертот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња